Истекување на амонијак од цистерна се случило синоќа во населбата Топол кај Панчево. Како што јавуваат српските медиуми, на едно лице му е пружена медицинска помош и е пренесено во болница каде е под кислородна терапија.

Според медиумите, истекувањето се случило околу 23 часот. Полициски и противпожарни екипи се на лице место.

Евакуирани биле жителите од околу десет куќи кои се наоѓале во непосредна близина. Како што се наведува, повеќе нема опасност за граѓаните.