Остин повика да се работи на развој на технологијата и подобри глобални воени врски со цел „да се донесат побрзи одлуки и да се дејствува побрзо“, пренесува Гласот на Америка (ВОА) на српски јазик.
– Нашата борба во следната голема војна ќе биде многу поразлична од претходната, рече Остин во американската пацифичка команда на Хаваите.
Сепак, тој не спомна конкретно ривали како Кина или Русија, ниту посочи за кој конфликт може да станува збор.
– Не можеме да предвидиме што ќе се случи во иднина. Затоа мора да направиме вистинска комбинација на технологија, оперативност и можности и да се поврземе така што секој наш непријател ќе размисли добро пред да стори нешто, истакна шефот на Пентагон.