Зоран Попов е нов в.д. директор на Зоолошката градина. Скопската градоначалничка Данела Арсовска го постави Попов на местото на Драган Илиевски кој од денес е директор на ЈП „Водовод и канализација”.
Попов за сакамдакажам.мк потврди дека е назначен на функцијата.
Попов е дојден во градината во август лани откако на функција беше поставен Илиевски, како дел од неговиот тим.
Во рок од една година Арсовска постави тројца директори на Зоолошката градина. Прв беше Кристијан Стаменов кој беше сменет оти закла 15 коњи, па на негово место дојде Драган Илиевски, а сега трет директор е Попов.