Две лица настрадаа во голем пожар кој рано утринава избил во Петроварадин, Нови Сад. Според неофицијални информации, како што пренесува РТС, едната жртва е 71-годишен маж, додека идентитетот на другото пронајдено тело, се уште не е идентификуван.
Причината за пожарот се уште не е утврдена, а нема ниту детали за бројот на повредени. Портпаролот на итната помош, Зоран Круљ соопшти дека нивната екипа интервенирала во 5 и 30 часот.
-На местото на пожарот се пронајдени две пеплосани тела, а екипите им помогнаа на две жени кои имаа стресна реакција. Тие не се пренесени во болница, ним им беше укажана помош на самото место, изјавил Круљ.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 11 пожарникари, а улицата каде што избувнал е пуштена за сообраќај од 8 часот утрово.