Aна Волш (39), родум од Белград, која исчезна на 1 јануари во Кохасет, Масачусетс, последен пат била во Србија во декември, само неколку недели пред да исчезне.

Нејзината мајка Миланка Љубичиќ приложила фотографија која е направена токму тие денови кога нејзината ќерка била во родниот град.

На фотографијата Ана и нејзината мајка се насмеани и прегрнати на улица во центарот на Белград, недалеку од семејната куќа на оваа исчезната Србинка.

Ана Волш не криеше дека ја сака родната земја и ужива во нејзината убавина, па за време на престојот во Србија објави серија фотографии од нашата земја. Како што може да се заклучи од нејзиниот профил, Ана гордо го истакнала своето потекло, па со пријателите споделила фотографија од улицата каде што пораснала.

Да потсетиме, целиот свет го потресе исчезнувањето на Ана Волш од Белград, која исчезна на 1 јануари. Нејзиното исчезнување колегите го пријавиле на 4 јануари, додека нејзиниот сопруг Брајан бил уапсен на 8 јануари. На 17 јануари тој беше обвинет за убиство на својата сопруга.

Брајан Волш, кој се изјасни за невин за убиството пред американските обвинители, повторно ќе се појави на суд на 9 февруари. Се претпоставува дека Брајан потоа ќе ја изнесе и својата одбрана.