Принцот Хари во неделата се појави по прв пат во јавноста по погребот на неговиот дедо, принцот Филип. Тој учествуваше во концерт за обединување на светот, чија цел е глобално освестување за важноста на вакцините. Сите присутни на настанот му ракоплескаа на Хари по неговиот говор.
– Поздрав за сите. Се наоѓаме во одлучувачки момент во глобалната борба против ковид-19. Вечерва е прослава за секој од вас овде, вакцинирани работници и милион херои ширум светот кои се наоѓаат во првите борбени редови во борбата против коронавирусот, го започна Хари своето обраќање пред јавноста, пренесува магазинот Пипл.
Принцот потоа продолжи дека минатата година ја поминавме во храбра и несебична поддршка за заштита на населението.
– Вие служевте и се жртвувавте со многу храброст, знаејќи ги последиците. Ви должиме неверојатна благодарност, додаде Хари. Оние што ги познаваме и не ги познаваме, вели принцот, треба да ги гледаме со емпатија и сочувство.
So exciting to see the #DukeofSussex using the global stage for good! And looking so good! Relaxed! Happy! #princeharry, #harry, #Vaxlive, #archewell, #meghanmarkle, #archewellfoundation. https://t.co/DzzaeR9in6
— HarryMeghanInternetFamily (@MeghanFamily) May 3, 2021
Тој истакна дека пандемијата не може да заврши ако не дејствуваме сите колективно.
– Вакцината мора да се дистрибуира до сите насекаде. Не можеме да се одмориме или вистински да се опоравиме се додека немаме фер дистрибуција до секое ќоше во светот, вели принцот Хари.
Тој тврди дека вакцината мора да биде основно право за сите.
– Никој од нас не треба да мисли дека ќе бидеме добро ако страдаат толку многу луѓе. Во реалноста, особено со оваа пандемија, кога некој страда, сите страдаме, додава тој.