(ВИДЕО) Вучиќ најави изградба на стадион, вреден 70 милиони евра

Регион 15.02.2023. 19:20

Стадионот Чика Дача ќе вреди 70 милиони евра, а ќе има капацитет за 20 илјади гледачи. Вучиќ потврди дека сѐ е во завршна фаза.

„Изградбата ќе започне во мај. Дозволата за градба е добиена, проектната документација е завршена. Ова ќе биде еден од најважните и најголемите развојни проекти за Шумарице и целиот северен дел на Крагуевац“, рече српскиот претседател. Дополнително, Вучиќ изјави дека во наредните денови ќе биде потпишан договорот за изградба на брзата пруга Белград-Ниш и дека Крагуевац мора да биде поврзан со таа пруга.

 


Подкаст

Подкаст