„Убеден сум дека нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово ќе донесе безбедност и просперитет за Србија и за сите граѓани на Западен Балкан“, се вели во изјавата објавена на официјалната веб-страница на Стејт департментот. „Секако, српските и Косовските лидери ќе мора да направат тешки компромиси за да ги постигнат тие цели, но наградите за српскиот народ – и за целиот регион – ќе бидат огромни“, додаде државниот скретар Антони Блинкен.

Соединетите Држави, нагласи тој, „силно ги поддржуваат европските амбиции на Србија“.

„Ние сме посветени да работиме со вас и нашите партнери од ЕУ на оваа важна цел. Го поздравив конструктивниот ангажман на Србија со официјалните претставници на САД, ЕУ, Франција, Германија и Италија за време на мојата неодамнешна посета на Белград“, истакна секретарот.

Истовремено, тој ја повика Србија „да ја поддржи Украина против неиспровоцираната, неоправдана и брутална војна на Русија“.

„САД ги поздравија пораките на Србија за поддршка на Украина во Обединетите нации – и ние мора да бидеме обединети во поддршката на правото на украинскиот народ да ја избере својата иднина“, нагласи американскиот државен секретар, додавајќи: „Посакувам мир, просперитет и среќа на сите граѓани на Србија на Националниот празник“.

Соединетите Држави ги охрабруваат напорите на ЕУ да ги натера Србија и Косово да постигнат напредок во дијалогот во врска со француско-германскиот нацрт-договор што ЕУ го прифати како основа за нормализирање на односите во преговарачкиот процес што се обидува да го ублажи.

Тој договор, како што беше претставен на двете страни од американско-европските дипломати во втората половина на јануари, предвидува почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово (Заедница на српски општини – ЗСО).

Од Србија се бара да не се меша во приемот на Косово во меѓународните организации, што, иако не е експлицитно, подразбира и прием на Косово во ОН, на што Белград категорично се противи.

Двете страни начелно прифатија да работат на решенијата што ги нуди планот, но меѓусебно ги потенцираа своите услови – Белград бара на продолжувањето на дијалогот да му претходи формирање на ЗСО, додека Приштина прифаќа да го формира здружението во согласност со нејзиното конституирање, но само по меѓусебно признавање.

Западните дипломати го дефинираа решението, кое сè уште не е на повидок, како постигнување „траен правно обврзувачки договор“.