Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостува на емисијата „Заспиј ако можеш“. Тој зборува на актуелните политички теми, а една од нив е и денешното ново задолжување и пропаднатата еврообврзница на владата.
– Она што ме загрижува е задолжувањето затоа што ем премногу ја задолжуваат Македонија, ем не знаат како да го направат тоа. Претпоставувам видовте денес владата се обиде да земе еврообврзница од 600 милиони евра, но целата процедура пропадна затоа што процедурите внатре во владата не се завршени, започна Николоски.
Според него, министерот во одење Тупанчевски решил да не ја потпише еврообврзницата веројатно за генерациите после него да не го колнат дека Македонија со дополнителни 600 милиони евра.
– Оттука се поставуваат неколку прашања, а тоа се: Прво, како Владата ќе обезбеди ликвидност кога реализацијата на Буџетот им е катастрофална и второ колку пари пред граѓаните ќе кажат дека потрошија за консултантски куќи затоа што за да се издаде еврообврзница секогаш се ангажираат конултантски куќи 3-4 што се занимаваат со нудење еврообврзница и промоција на истата меѓу меѓународните кредитори и колку пари имаат фрлено во бунар за целата оваа работа, вели Николоски,
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека задолжувањето кое ќе биде оваа година е најголемо во историја на Македонија 1.600.000.000 евра. За споредба, тој вели дека вкупното задолжување на Македонија во периодот од 1990 до 2002 година е помало од ова што е за само една година.
Исто така тој вели дека задолжувањето на БДП ќе оди и до 62% и заради катастрофалните политики на Владата нема странски инвестиции.