Попладнево ексклузивно Радио Лидер објави дека пропадна еврообврзницата од 600 милиони евра, која сакаше да ја издаде владата. Според нашите информации, причината за пропаѓањето е тоа што министерот за правда во заминување Никола Тупанчевски одбил да ја потпише. Според правилата, за да се издаде еврообврзница покрај од другите, треба да има потпис и од министерот за правда.

За пропадната еврообврзница се огласи и универзитетскиот професор Самоил Малчески.

Неговиот статус го пренесуваме во продолжение.

Што ова значи?
1. Штетата од околу 100 милиони евра ќе ја плаќаме сите ние.
2. Намалување на кредитен рејтинг на Република Македонија.
3. Сите сериозни финансиски институции ќе ја стават Македонија на црна листа, толку од ниски камати и поволности при идни емисии на обврзници.
4. Толку од кредити со ниски каматни стапки за Република Македонија!
Зошто се случи сето ова?
Неспособните итаа да го разрешат Тупанчевски и сега нема кој во име на Министер за правда да ги потпише документите за реализација на еврообврзницата, а рокот истекува денес!
Неспособни ОСТАВКА! Доста штета и направивте на државава!