Стружанката Нела Стојанова е една од жртвите на бездомните кучиња,физичките рани вели заздравуваат но не и психичките,таа сеуште се бори со стравот и траумите кои ги доживеа.
– „Јас морам да нагласам дека сум љубител на животни,но навистина мора да се превземе нешто за да се реши оваа хаотична ситуација,животот на луѓето е пред се’ .Затоа апелирам за итно решавање на проблемот со бездомните кучиња, бидејќи никој не заслужува да живее во во страв.“ – Изјави Нела Стојанова.
Официјалните податоци говорат дека само во месец јануари над 10 лица пријавиле во полиција дека биле нападнати од кучиња скитници. Овие фотографии говорат за ужасот никој поминале жртвите,кои едвај спасиле жива глава.
Од општина Струга преку официјалната фејсбук страна најпрвин објавија дека општината отпочнала процедура за третирање на кучињата скитници,со тоа што подготвила проект за прифатилиште за бездомни кучиња, а воедно упатила барање до Владата да им помогне во реализацијата на истиот.Сега пак обзнанија дека ангажирале овластени лица од кумановска ветеринарна клиника да ги заловува кучињата скитници.Но познавачите на приликите велат дека ова не е доволно за надминување на проблемот со бездомните кучиња
„Секое згрижување на такво куче после заловување подлежи на тест за социјализација кој мора кучето да го положи.Ако не го положи се пушта кучето на посебна дресура.Доколку не ја помине таа дресура и доколку за 30 дена не може да се најде решение за тоа куче ,жал ми е но во тој случај тие кучиња треба да се успијат.“ – Изјави Љупчо Петрески-водич на службено куче.
Од општина Струга бараат проблемот со бездомните кучиња да се решава на национално ниво, а до тогаш од полицијата но и од здруженијата за заштита на кучињата, општината бара да застанеле на влезните точки во градот и да ги проверувале комбињата или камионите за кои постои сомневање дека превезуваат кучиња скитници од другите градови од нашата држава.