„На 15.02.2023 во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ” настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М.(69) од Куманово. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош“, велат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид бил извршен.