Во рамки на Минхенската безбедносна конференција, премиерот Димитар Ковачевски учествуваше на затворена панел дискусија посветена на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан, јавија од неговиот кабинет.
– Заедно со други лидери и високи претставници од регионот, претставници на невладината и академската заедница, учесниците разговараа за предизвиците и можностите на евро-интеграцискиот пат – се вели во информацијата од кабинетот.