Денеска  во Тетово се одржа обука во рамките на која инструкторот во Единицата за обука и подготовки на полициски службеници при специјални интервентни акции во S.W.A.T., Уликс Ѓонај, практично ги обучуваше полициските службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, Oдделот за обезбедување личности и објекти, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за обука и поддршка за постапување при специјални интервенции и тоа: приведување, лишување од слобода, рација, одбрана, самоодбрана и други интервентни постапки.

Како што соопштија од СВР, полициските службеници кои присуствуваа, во текот на обуката имаа можност со одбранбени зафати и постапки на практичен начин да ги извежбаат најмодерните и ефективни тактики при постапување во специјални и ризични задачи.