Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во ненадејна посета на Киев.

Веста за неговото доаѓање беше објавена на социјалните мрежи, а ја потврди и украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко.

 

Ова е прва посета на Бајден на Киев како претседател на САД и во време кога земјата е во војна со соседна Русија.

Токму поради оваа причина, не се очекува Бајден да остане во Киев повеќе од неколку часа, но во секој случај оваа ненадејна посета се смета за историска. Меѓу другото, затоа што тоа се случува во неделата кога Русија ја нападна Украина пред точно една година.