Наспроти најплатените работници во земајва, каде како што објави Фактор убедливо на врвот се работниците од сектор „воздухопловен транспорт“ со 94.537 денари плата.
Наспроти нив работниците кој се најдоа во групата топ пет најниски плати, треба да работат четири месеци за да земат колку што добиваат претходно споменатите за само еден месец.
Еве ја листата на топ пет најмалку платени работници:
Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата 21.310 денари
Рибарство и аквакултура 22.918 денари
Производство на облека 23.144 денари
Производство на кожа и слични производи од кожа 23.190 денари
Дејности за подготовка на оброци и служење на храна 23.566 денари.