Владата соопшти дека обезбедила 36,2 милиони евра за инвестиција во енергетскиот сектор со која ќе се продолжи работниот век на шест големи хидроелектрани во земјава, ќе се зголеми нивната инсталираната моќ и производството на електрична енергија од домашни извори. Средствата се обезбедуваат со заем во износ од 25 милиони евра од КфВ развојната банка, 11,2 милиони евра грант од ЕУ од ВБИФ и 0,2 милиони евра од германската влада.

За реализација на оваа инвестиција денеска во Скопје се потпишаа Договор за заем меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ – Скопје, Договор за гаранција меѓу Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии и Кредитната банка за обнова – КфВ, Посебен договор меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ – Скопје и Договор за ВБИФ грант меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ – Скопје. Договорот за гаранција го потпиша министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Секторот за енергија и мобилно во ЈИЕ и Турција во КфВ Пабло Обрадор Алварез, додека останатите договори се потпишаа од страна на директорот на Секторот за енергија и мобилност во ЈИЕ и Турција во КфВ Пабло Обрадор Алварез и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски. На потпишувањето на договорите присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир и вршителот на должност амбасадор на СР Германија во земјава Ото Граф, информираа од Владата.