Заменикот на градоначалничката Данела Арсовска, Александар Трајановски од партијата ГРОМ на седмицата на советот на град Скопје, упати навреди кон боксерскиот клуб 1060 нарекувајки го тепачки, а наводно неговите членови биле во затвор.
На денешната седница се дискутираше по иницијативата на десетина спортски клубови кои ги користиеа просториите на спортската сала на средното училиште „Кочо Рацин“ во скопспката општина Ѓорче Петров а кои на почетокот од месецов беа оставени на улица. Жителите на населбата чии деца спортуваа во салата посочуваат дека зад тоа стојат бизнис интереси на човек кој важи за близок до градоначалничката на Градот Скопје.
Сите спортски клубови коишто се регистрирани во општина Ѓорче Петров на почетокот од фебруари испратија барање за користење на салата до градоначалникот на Град Скопје и секретарот на Град Скопје, но наместо позитивен одговор добија вонреден инспекциски надзор.
Видеото може да го погледнете тука.