Ние верувавме дека Груби е продлабочен во зелената агенда, тој да ми ти се задржал на зелената боја на доларите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ изјавите на Артан Груби во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Наместо вицепремиер, Груби од министерството направил продавница за хонорари.

Цели 160 илјади евра исплатил на име хонорари на поединци преку агенции за привремени вработувања.

Полека станува јасно како од батлер во амбасада, стана милионер во владата на Ковачевски.

Тоа што од ДУИ направи свое гранапче, семејството Груби сака да го преслика и со целата влада.

Репититивното однесување на криминал само значи дека Груби се соочува со клептоманија.

А, клептоманијата значи присвојување на некој предмет, пропратена со интензивна анксиозност која се намалува по неговото присвојување и најчесто е симптом на опсесивно-компулзивна невроза, што и се гледа во секој негов настап.

Бидејќи освен љубовта кон доларите, очигледно Груби ја напушта зелената агенда, преостанува да се врати на прокламираните корени на ДУИ, како наследници на ленинистите и комуниститите, како што самите велат. Но и оваа нивна идеолошка определба е напуштена каде наместо Марксова еднаквост, тој делува како Путинов руски олигарх.

И ја разбираме опседнатоста на Груби со ликови и херои кои му надоаѓаат периодично зависно од неговите интереси. Артан Груби се однесува како Веља Невоља од Али Експрес, кој веројатнo му е и идол.

И покрај низата невистини објавени во вечерашното интервју кои одбиваме да ги коментираме, и имајќи го во предвид неговото импулсивно компулсивно однесување му посакуваме добро здравје, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.