Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска преку Фејсбук побара од премиерот Димитар Ковачевски да и се извини.
„Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес, е ДА МИ СЕ ИЗВИНИ!“ – пишува пратеничката Стаменкоска Трајкоска.
Претходно се појавија изјави на социјалните мрежи според кои Ковачевски на денешната седница во Собранието, од место дофрлал недолични коментари кон пратеничката Стаменкоска Трајкоска.