Заменик министерот за финансии, Филип Николовски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 откри дека буџетот е во одлична кондиција и е супер ликвиден.
„Буџетот е супер ликвиден и во одлична кондција, и тоа го покажуваат и бројките. За 16% се поголеми приливите за данокот на личен доход, има зголемување и на данокот на добивка. Имаме за 25% помал буџетски дефицит од истиот период минатата година, и овие два месеци извршивме 120 милиони евра поврат на ДДВ директно на сметките на компаниите“, рече Николовски.