По скандалозната провокација на „Гробари“ на ракометниот натпревар меѓу Партизан и Вардар одигран во рамките на регионалната СЕХА лига свој одговор уште истиот момент даде Стојанче Стоилов, а екипата на Спортплус.мк ја забележа неговата реакција.
Откако прво истакнаа грчко знаме, во текот на второто полувреме „гробарите“ испратија порака, најверојатно упатена до навивачите на Вардар „Комитите“, наведувајќи дека се група со српско име, која слави бугарски војник, притоа алудирајќи на Гоце Делчев.
„Група со српско име, слави бугарски војник, мора да е тешко со таков комплекс во главата!?“ пишува на паролата која ја истакнаа „Гробарите“. Покрај овие пораки, честопати можеа да се слушнат и скандирањата од типот: „Стара Србија, никогаш Македонија“
На ваквите провокации кои беа составен дел од речиси целиот тек на овој натпревар не остана имун капитенот на вардарци Стојанче Стоилов, кој со право реагираше.
Ваквите срамни скандирања на навивачките групи кај нашиот „Северен Сосед“ се сé почести, па редно е конечно некој од нашата Влада, а пред се Министерството за надворешни работи да реагира.