Повеќе од половина од светската популација ќе биде со прекумерна тежина  до 2035 година без се вели во новиот извештај.

Атласот на Светската федерација за дебелина од 2023 година предвидува дека 51% од светот, a тоа значи дека повеќе од 4 милијарди луѓе ќе бидат дебели или со прекумерна тежина во следните 12 години.

Стапките на дебелина се зголемуваат особено брзо кај децата и во земјите со пониски приходи.

Опишувајќи ги податоците како „јасно предупредување“, Луиз Баур, претседател на Светската федерација за дебелина, рече дека креаторите на политиката треба да дејствуваат сега за да спречат влошување на ситуацијата.

„Посебно е загрижувачки да се види дека стапките на дебелина се зголемуваат најбрзо кај децата и адолесцентите“, рече таа во изјавата.

Владите и креаторите на политиките ширум светот треба да направат се што можат за да избегнат префрлање на здравствените, социјалните и економските трошоци на помладата генерација.