Илон Маск изјави дека неговата компанија за импланти на мозок Neuralink, ќе направи парализираните да одат, слепите да гледаат и на крајот да ги претвори луѓето во киборзи. Но, фирмата сè уште се бори да обезбеди одобрение за клиничко испитување со релативно скромната цел, да им помогне на лицата со посебни потреби да пишуваат.
Илон Маск во 2019 предвиде дека неговата компанија за медицински уреди Neuralink, наскоро ќе започне со човечки испитувања на револуционерен мозочен имплант за лекување на нерешливи состојби како парализа и слепило.
Но, компанијата основана во 2016 година не побара дозвола од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) до почетокот на 2022 година – и агенцијата ја одби апликацијата, изјавија седуммина сегашни и поранешни вработени за Ројтерс.
Одбивањето не е претходно пријавено. Во објаснувањето на одлуката за Neuralink, агенцијата наведе десетици прашања што компанијата мора да ги реши пред тестирање на луѓе, што е критична пресвртница на патот до одобрување на финалниот производ велат вработените. Главните безбедносни грижи на агенцијата се однесуваа на литиумската батерија на уредот, потенцијалот малите жици на имплантот да мигрираат во други области на мозокот и прашања дали и како може да се отстрани уредот без да се оштети мозочното ткиво, велат вработените.
Една година по одбивањето, Neuralink сè уште работи преку загриженоста на агенцијата. Тројца вработени рекоа дека се скептични дека компанијата може брзо да ги реши проблемите – и покрај најновото предвидување на Маск на презентацијата на 30 ноември дека компанијата ќе обезбеди одобрение за тестирање на луѓе од FDA оваа пролет.