Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска посети неколку локации низ општината и оствари средби со граѓаните.
Стојкоски разговарал со граѓаните за проблемите со кои се соочува општината и ќе работи на решавање на истите во следниот период.
– Им дадов ветување дека ќе направиме максимални напори за минимизирање на отворени и нерешени децениски проблеми и уште еднаш потенцирав дека општина Ѓорче Петров е отворена општина и оти секој граѓанин е добредојден, информира Стојкоски.