Во Бутел нема простор за урбаната мафија. Нема да дозволам во Општина Бутел повторно да дивее урбаната мафија, исто така нема да дозволам мирните граѓани на оваа општина да бидат третирани како криминалци. Баба Невена, Чичко Мустафа и Чичко Кирил не се криминалци, тие се чесни жители кои никогаш немале проблеми со законот, истакнува Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел.

Во неговиот Фејсбук статус тој пишува:

Денес со задоволство се приклучив кон протестот кои го организираа жителите на Улица Хо Ши Мин, за време на кампањата пред изборите им дадов збор дека ќе се борам со урбаната мафија и ќе дадам се од себе да го зачуваат нивниот мирен начин на живот.

Имено, незадоволните жители протестираа против решеноста на Градоначалничката Данела Арсовска по секоја цена да изгради улица кој поминува веднаш до нивните домови, уште се позагрижени, бидејки жителите мислат дека сето ова се реализира за да се изградат згради согласно план донесен во минатото.

Градоначалничката Данела Арсовска за жал не е достапна за овие загрижени граѓани, повеќе од еден месец не успеваат да направат средба со неа.

Во оваа прилика сакам да ја потсетам градоначалничката дека од овие граѓани за време на кампањата јас лично сум побарал глас повеќе за неа, со цел да не дојде до ваква или слична ситуација.

1. Денес Општина Бутел испрати допис до Град Скопје со кој ја поддржа граѓанската иницијатива со која од градот Скопје се бара трасата на градската улица да биде поместена, или во договор со граѓаните да се изнајде прифатливо решение.

2. На првата седница на советтот на Општина Бутел јас лично ќе потегнам прашање за поништување на маркиците за згради во овој дел на општината.

Граѓаните се над сите останати интереси!