Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето на 25 километри јужно од Малатја во источна Турција околу 20:00 часот.
Според ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, а граѓаните пријавиле дека тресењето на земјата го почувствувале и на 100 километри оддалеченост од епицентарот.
Моментално нема информации за евентуална штета.