Палестински напаѓач вечерва отвори оган во прометна улица во центарот на Тел Авив и повреди најмалку три лица, а потоа е убиен, соопштија израелски официјални претставници. Ова е одговор на утринските судири каде што тројца палестински екстремисти беа убиени во судир со израелски војници на Западниот Брег

Како што е наведено, Палестинецот пукал во улицата „Дизенгоф’, каде има популарни ресторани и продавници, кога имало многу луѓе пред почетокот на израелскиот викенд и додека траат протестите против Владата на Израел.