СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.К.(31) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот, без согласност, на женско лице од струмичко село, со која бил во љубовна врска, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил каде објавил експлицитни фотографии од неа, а дополнително по електронски пат фотографиите ги испраќал и на други лица, информира МВР.