Македонската експедиција рано утринава се упати кон Португалија, од Скопје преку Загреб и Цирих, до крајната дестинација Порто, објави 24ракомет.
Во португалскиот град, нашата репрезентација треба да пристигне околу 18:30 часот по македонско време, а селекторот Кире Лазаров поведе 18 ракометари.
Од комбинација отпаднаа голманот Марко Кизиќ и десното крило Ален Ќосевски, додека Михајло Младеновиќ и Михаил Аларов ќе се надеваат на место во ростерот.
Дали ќе има промени во составот на Македонија останува да видиме во текот на утрешниот ден.
Португалија славеше на првата средба во СЦ „Борис Трајковски“ со 29-23, а вториот меч се игра утре во Матосињос од 18:30 часот.