Две млади момчиња, Стефан Златановиќ и Лука В. беа уапсени под сомнение дека на 9 март во кафуле на бензинска пумпа го убиле Ранко Радошевиќ, попознат како Ескобар, член на кланот Никшиќ, близок до Шкалјарскио клан.
Околу 11 часот, двајцата маскирани упаднале во кафулето каде што седел Ранко Ескобар секој ден и отвориле „дожд“ од куршуми, по што на крајот еден од двајцата се приближил и со два куршуми го застрелал.
После тоа, Стефан и Лука побегнале од местото на злосторството со украден автомобил, кој подоцна го запалиле во Раковица, за оттаму да побегнат во запуштен стан во Нов Белград, за кој се претпоставува дека претходно бил изнајмен со цел да се скоријат.
Вчера околу пладне, припадниците на полициската управа на белградската полиција упаднаа во просториите во кои престојувале заедно двете млади момчиња, а во таа прилика била уапсена и малолетната девојка која била со нив.
Двајцата уапсени и биле од претходно познати на полицијата и имаат криминални досиеја.