Веќе неколку ноќи, лице облечено во бела мантија ги плаши кавадарчани на влезот од патеката кај споменикот „12-те деца“.
Лицето како што сведочат очевидци ги плаши жителите на овој град затекнати во тој реон, често игра и се врти, а на моменти фрла и камења кон присутните.
На социјалните мрежи е објавено видео од овој настан а граѓаните реагираат и прашуваат за што станува збор, дали се во прашање некои пагански обичаи, или пак некој само сака да ги заплаши оние кои пешачат на патеката.
Сепак, и покрај вознемиреноста, никој се уште не го пријавил лицето во полиција.
Инаку според раскажувањата на жителите во градот, во тој реон, многу често во ноќните часови се собираат и наркомани и истото важи за дувло на наркомани.