Одново и одново се дознава за нови грешки во учебниците за основно и средно образование. Последна од низата грешки е онаа во Букварот за прво одделение каде над зборот е даден предмет кој треба да посочи која буква недостасува, но празното место е вишок, бидејќи под поимот за молив, авторот веќе ја напишал буквата.
Грешки има и во Учебникот по историја и општество за петто одделение, каде на учениците им е дадено да учат дека Албанија е источен сосед на Македонија и дека највисокиот врв на планетата Монт Еверест е висок 29.305 метри.
Издавач на овие учебници е Министерството за образование и наука. Дел од учебниците се уште не се отпечатени иако за три месеци завршува учебната година.