Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, во интервју за бугарската национална телевизија, изјави дека постои ескалација и зголемување на тензиите со Македонија.
Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неусогласени со разбирањето и договорната основа. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на „францускиот предлог“. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес – изјави Милков.
Тој додаде дека Бугарија е подготвена финансиски да им помогне на граѓаните со бугарска самосвест во Македонија во правната битка што би ја воделе пред домашните и меѓународните судови.
Ние сме подготвени да соработуваме со луѓето со бугарска самосвест во периодот кога тие ќе поднесат жалби до судовите во Македонија и до европските судови. Повеќето од нив можеби немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани – рече Милков.