Полициската управа во Крагуевац утрово била информирана дека сите факултети добиле информација за поставена бомба.

На факултетите е извршена итна евакуација, а специјални екипи вршат претрес на зградите, потврдија од полицијата за Нова.рс.

Тие наведуваат дека поради темелна проверка се уште немаат информации од терен.