Социјалистичката партија на Македонија изјавата на премиерот дека нема одлагање на измените на Уставот ја оценува како последен крик на човек кој го губи тлото под нозе, велат од партијата
Во продолжение соопштението
Впечатокот е Ковачевски како да не живее во реалноста. Со самото тоа што зборува за одлагање тој признава дека постапката е невозможна. Ниту пратениците во Собранието ниту политичките партии немаат добиено мандат од гласачите, особено не од македонскиот народ, за било какви уставни имени. Најмалку нелегитимниот премиер кој е поставен без негова потврда на непосредни парламентарни узбори.
Измените на Уставот не се почнати, блокирани се и со тоа се веќе одложени зошто не се возможни во овој парламентарен состав.
Социјалистичката партија на Македонија заедно со Коалицијата „Обнова на Македонија” е цврсто решена да опстои на своите принципиелни и легитимни ставови кои значат одбрана на уставноста и дигнитетот на Македонија.
Ковачевски не ги слуша ниту пратениците кои потврдија дека нема да гласаат за измените. Едноставно тој им подготвува уцени, закани и разни форми на притисоци за да ги принуди да го сменат својот став. Тој нема мнозинство за уставни измени и не сака да го прифати овој факт, а нема согласност ниту од пратениците во неговата пратеничка група.
Премиерот не ги слуша ниту граѓаните кои во огромно мнозинтво се изјаснуваат дека се против озмените во Уставот.
Што е тоа што го тера најнеспособниот и преку ноќ интронизиран премиер да тврди дека нема одлагање на измените на Уставот?
Тоа е неговото незнаење и самонабеденост дека може да направи се и сешто, а прашање е дали го бива за нешто.
Потврдува дека е политички неопитен и инфериорен со ваквите изјави. Тој е некооперативен и нема мандат ниту доволен капацитет да менаџира со државата.
Штетата која тој и ја направи на Македонија ќе ја чувствуваат и сегашните и идните генерации. За тоа се одговара и пред граѓаните и пред историјата.
Социјалистичката партија на Македонија и во оваа прилика повторува дека без итни парламентарни избори нема стабилност во државата.
Само избрани и лојални граѓани кон својата држава може да ја претставуваат во власта и да ја изведат на правиот пат и стартешки да ја јакнат и развиваат.