Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека:
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа на ден 04.04.2023 година, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
-Во период од 10:30 до 14:30, објектите на Бул. 8-ми Септември од раскрсницата со ул. Скупи до мостот на Вардар од страна на Хубо Маркет (о. Карпош) и од 08:00 до 12:00 часот дел од корисниците на с. Долно Соње во општина Кисела Вода.
Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-200 мм на Димо Хаџи Димов бр.29, на ден 04.04.2023 година прекинато водоснабдување од 08:00 часот ќе имаат корисниците на дел од ул. Димо Хаџи Димов и дел од ул. Божидар Аџија.