Бомба од екс сопругата на сега веќе екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски. Таа се обрати преку Фејсбук откако тој поднесе оставка и притоа рече дека ќе се посвети на семејството.
Најпрво тој најави дека ќе користи 20 дена одмор, но отпосле рече дека ќе се посвети на семејството. На тоа жестоко реагираше неговата поранешна сопруга Мери Ковачевска Димовска која напиша дека тој одамна го напуштил семејството.
Статусот на Фејсбук првично беше приватен, а потоа се промени во јавно достапен статус.
„На кое семејство ќе му се посвети?“ На децата кои се возрасни и последните 15 години ги гледаше по 2 часа во неделата. Официјално разведен на 6 март 2023 година. Татко не можеш да се правиш на 27 и 21 годишна возраст, татко си цел живот. Твоите лажни филмови рекламирај ги на друго место, а не по сите портали. Ти одамна го напушти ова семејство“, пишува тааа.