Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Игор Николов, реагира дека за нов директор на Клиниката за Токсикологија и Ургентниот интернистички центар се назначува лекар по семејна медицина.

Д-р Николов вели дека таков човек нема искуство да раководи со работата на таска сериозна здравствена институција што може да предизвика ризик и за пациентите.

Никогаш не работел во болница ниту клиника. Дали ќе биде после министерска грешка или лекарска грешка, прашува д-р Николов.