Германските власти денеска му наредија на амбасадорката на Чад да ја напушти земјата во рок од 48 часа, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
– Како одговор на неоснованото протерување на нашиот амбасадор во Чад, денеска ја повикавме амбасадорката на Чад во Берлин, Маријам Али Муса, да ја напушти Германија во рок од 48 часа. Жалиме што дојде до ова, се наведува во соопштението на германското МНР.
Германскиот амбасадор во Чад, Гордон Крике беше прогласен за „персона нон грата“, како што тврди германското МНР, поради неговите коментари за политичката ситуација во Чад.
– Амбасадорот Крике ги извршуваше своите должности во Нџамена на примерен начин и работеше на заштита на човековите права и брзо воспоставување цивилна влада во Чад“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.