Ако не се сменат законите, државата нема да се плаќаат милионски суми за пенали, туку коридорите 8 и 10 ќе се градат подолго. Владата не го објавува договорот со Бехтел и Енка но негира дека се обврзала во рок од 45 дена да донесе законски измени со кои ќе ја ја зголеми работната недела за работниците на коридорите од 40 на 60 часа, а во спротивно да плаќа дестици милиони евра казни како што објави опозицијата.

Доколку не пројде пакетот зкаони во Собранието изградбата на автопатите ќе трае подолго од 5 години, а доколку бидат изгласани законските измени градежните работи треба да завршат за 4 години и 7 месеци.

Влада: Согласно обврските во случениот договор, Изведувачот може да работи во услови во кои важат постоечките одредби од законските решенија врзани со изградбата на Коридор 8 и 10Д, но во тој случај рокот за изведба би бил подолг од 5 години. Во овој случај државата ќе има обврска да ги исплаќа трошоците за изградба во дополнителните години градежни работи, што во краен случај, државата и граѓаните ќе ги чини повеќе средства.

Потретседателот на вмро дпмне Александар Николовски на Сител вчера објави дека ако не се зголемми работната недела владата ќе плаќа три вида на пенали кон Бехтел и Енка. Еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра. Лидерот на партијата Мицкоски денеска вели дека шокантните информации од договорот ги видел во медиумите. Наместо да го штитат државниот и интересот и граѓаните го штитат интересот на приватната компанија, смета Мицкоски.

Сакам да кажам дека и Уставниот суд по ова прашање се изјаснил многу пати во минатото, некој свесно знаел дека ова што се бара е невозможно и одлучил да го направи, односно да потпише договор кој свесно презема обврска буџетот на Македонија, на сите граѓани да исплати би рекол стотици милиони евра пенали на компанијата која е изведувач, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Уставниот суд летоска го укина членот 12 од Специјалниот закон со кој беше избран конзорциумот Бехтел и Енка да ги гради автопатите. Со тој член се овозможуваше работното да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината за работниците на коридорите но уставните судии го укинаа се повредува начелото на еднаквост на работниците но и дека се загрозува правната сигурност.

Сега власта работното време за работниците на кордиорите 8 и 10 го зголемува преку измени во законот за работни односи исо кои се предвидува прекувремената работа да може да трае подолго од пропишаните осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно.

Од владата целат дека работниците кои ќе ги градат коридорите 8 и 10 ќе добиваат надоместок од 50% повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор, за останатите прекувремени часови.