Утре, петок (21.04.2023), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.
Жичарницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Автобусите и во сабота (22.04.2023) ќе возат по неделен возен ред, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и Жичарницата.