Денеска ми е чест и задоволство што го отвораме новиот штаб на Градскиот комитет на улица Македонија. Заедно со отворањето на канцеларијата на Градскиот Комитет започнуваме и и со проектот „Иницијативи за Скопје“, станува збор за проект кој ќе опфаќа граѓански дијалог. Оваа канцеларија ќе биде место каде граѓаните секојдневно ќе може да остваруваат директни непосредни средби со нашите народни избрани претставници, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Бојан Христовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно ќе имаат можност граѓаните да се сретнат со членови на совети од општините и Град Скопје, претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а исто така ќе може да остваруваат директни средби со нашите градоначалници во Скопје исто така и со пратениците од Собранието на Република Македонија“, вели Христовски.

Тој додава дека со тоа овој штаб воедно покрај онаа улога за редовни активности на Градскиот Комитет ќе има својство и на граѓанска канцеларија каде ќе може сите граѓани да остварат средби со избраните функционери и иницијативите, идеите, визиите на скопјани да се преточат во конкретни иницијативи за иднината на подобро и поубаво Скопје, место за живеење за сите.