Во Општина Илинден во тек е изградбата на новиот кружен тек на влезот во општината, каде вчера се изврши комплетно асфалтирање во два слоја. Овој кружен тек е на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици 2, 8, 9 и новопроектирана улица 10 на влезот во Илинден.
Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид на терен и истакна дека градежните работи се одвиваат со брза динамика и наскоро граѓаните на Илинден ќе добијат комплетно уреден кружен тек кој ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој фрекфентен дел од општината.
Во рамки на проектот, како што информираат од Илинден, се планира партерно и хортикултурно уредување, како и јавно осветлување на просторот каде ќе се наоѓа новиот кружен тек.
Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.