Поздравуваме што во Македонија ќе се отвораат нови работни места во ТИРЗ преку инвестиции како Јагео која е присутна преку Кемет електроникс, инвестиција која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ.
Јагео е присутна во Македонија преку Кемет електроникс, фирма ќерка која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е нова инвестиција, туку проширување.
Кемет електроникс е фирма која дојде во Македонија благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Јагео е фирма мајка на Кемет електроникс. Позитивната работа во Македонија на Кемет, ја носи Јагео во Македонија, а не СДС.
Жалиме што СДС не успеа да донесе ниту една инвестиција, како ќе можеа да се отворат уште повеќе работни места.
Се што е поврзано со странски директни инвестиции, ТИРЗ, како законски регулативи и инфраструктура е направено во време на ВМРО-ДПМНЕ, затоа е и фрустрацијата кај СДС.
СДС нема капацитет за осмислување на законски рамки и воспоставување на институционална инфраструктура за СДИ, како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ. Се што требаше да направи СДС е да продолжи да управува со институциите кои се направија во време на ВМРО-ДПМНЕ , и да ги собира плодовите од инвестициите кои дојдоа во време на ВМРО-ДПМНЕ во форма на даноци во буџетот.