Наместо градба, утре ќе се утврдат локациите каде ќе одмараат работниците кои ќе работат на новите автопати. Ќе се утврди и каде ќе се постават градежните машини, но точно кога ќе се вклучат не се знае. Се потпиша договор со инвеститорот Бехтал и Енка, но проект за израдба на коридорите нема. Сепак, од Владата најавуваат – од утре почнува реализацијата на договорт.

ОД 22 АПРИЛ ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ, ШТО ПРАКТИЧНО ЗНАЧИ ДЕКА ИЗВЕДУВАЧОТ ГИ ЗАПОЧНУВА СИТЕ ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ НА ТЕРЕН, СНИМАЊЕ НА ТЕРЕНОТ, ПРОЕКТИРАЊЕ, ПОДГОТОВКА НА ЛОКАЦИИ ЗА КАМПОВИ ЗА РАБОТНИЦИ И ГРАДЕЖНИТЕ МАШИНИ, ПОДГОТОВКА НА УРБАНИСТИЧКИТЕ ПРОЕКТИ ЗА ПАТНИТЕ КОРИДОРИ И ПОСТАПКИТЕ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА, СООПШТУВААТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ.

Пред два дена пак министерот за транспорт Бочварски, рече дека ќе ги повика новинарите каде треба да дојдат, на која локација, од каде би се означил стартот на градбата.

Но, утре само ќе се подготвува теренот и започнуваат да течат договорените рокови.

Според претходните најави треба да стартуваат градежните работи на дел од Коридорот 8, а на 12 мај, за Коридорот 10Д.

За Владата двата коридори се досега историски најголеми инфрастуктурни проекти во нашата држава. За опозицијата пак историски грабеж. Тврдат дека измените на законите кои во договорот се наведени како донесени, се заглавени во Собранието, а тоа ќе донесе плаќање на пенали.

Претходно и невеладините органзиации реагираа дека со необјавувањето на договор и со измените во неколку закони за да може Бехтел и Енка да градат побргу се отвара простор за корупција. И бараа овие измени да се повлечат затоа што недостасува поголема анализа.

Изградбата на коридорите 8 и 10Д ќе чини 1, 3 милијарди евра, а ќе бидат потреби и најмалку 300 милиони за екпропријација. На самиот старт на реализацијата на новите автопати, на површина испливаа и низа проблеми за фимите кои треба да го вршат надзорот на овој исориски проект како што го нарекува Владата.