Не му оди се добро на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо откако дојде во Саудиска Арабија, напротив.
Неговиот Ал Наср доживеа нов дебакл откако беше исфрлен од Ал Вахда од тамошниот куп.
Противникот имаше играч помалку речиси цело второ полувреме, но успеа да ја сочува предноста од воведните 45 минути, која му ја донесе Жан Давид Богел.
Екипата на Кристијано Роналдо изврши опсада на противничкиот гол, шутираа 23 пати, но не успеаја да ја погодат метата. За разлика од нов играчите на Ал Вахда еднаш шутаа и погодија. Тој гол им овозможи финале против Ал Хилал.
Токму на паузата меѓу двете полувремиња Роналдо нервозата ја насочи кон привремениот тренер Динко Јеличиќ.
Португалецот гестикулираше со рацете и викаше во насока на хрватскиот стручњак, очигледно незадоволен од тоа како изгледа тимот на теренот.