Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, одлучи за дуелот со Луксембург предност да му даде на Марко Кизиќ од Еурофарм Пелистер, додека голманот на Вардар, Мартин Томовски својата шанса ќе ја чека против Турција.

Во Скопје останува Едвин Омерагиќ од Алкалоид кој доби дополнителен повик за овие подготовки по повредите на пивотмените Костадин Петров и Марко Стојковиќ.

Македонците утревечер од 20:15 часот му гостуваат на Луксембург во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство 2024.

Победа на „црвено-жолтите“ против Луксембург ќе значи голем исчекор кон обезбедување учество на ЕП 2024 во Германија.