Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Т.А. (50) од каменичкото село Дулица.
Од МВР потврдуваат дека вчера било пронајдено безживотното тело на Т.А.
-Околу 12.30 часот во с.Дулица, општина Македонска Каменица, во близина на неговиот дом бил пронајден починат Т.А.(50) од с.Дулица, за кого неговиот брат Ј.А. на 25.04.2023 пријави дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а понаредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, велат од МВР.
Во потрагата се вклучија и жители од Македонска Каменица, Делчево, Виница и Кочани, а активно учество имаше и од неколку ловни здруженија.