На 26.04.2023 во 15:40 часот на ул.„Емин Дураку“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Отсекот потраги при Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.